Рускиот Рубин Казан изрази жалење за гестот на Даку

Скандалозното однесување на албанскиот фудбалски репрезентативец Мирилинд Даку на Европското првенство во Германија кога на мегафон заедно со албанските навивачи ги пцуеше Македонците и Србите, наиде на широка осуда во јавноста.

По реакцијата од Фудбалската федерација на Македонија која најави официјален допис до УЕФА и побара јавно извинување од Даку, денеска со осуда за непримерниот чин на албанскиот репрезентативец се огласи и неговиот клуб, рускиот Рубин Казан.

Нашиот клуб не поддржува никакви навредливи акции или гестови. Играчот за време на инцидентот беше со репрезентативен ангажман, но, секако, жалиме што дојде до ваква ситуација. Што се однесува до санкциите против играчот, тоа е во надлежност на УЕФА“ – се вели во соопштението од рускиот клуб.

Back to top button
Close