Рускиот уметник Јар Булавин протеран од Србија, причина – фотографии од протест, тврдат студентите
Рускиот уметник Јар Булавин е протеран од Србија пред неколку дена и според српските студенти, тој е протеран поради фотографии и видеа од протести.
Студентите на Универзитетот во Ниш, поради протерувањето на рускиот уметник, објавија остар протест:
„Остро го осудуваме најновиот во низата репресивни потези на нелегитимната влада, протерувањето на рускиот уметник Јар Булавин, кој го пронајде својот дом, инспирација и заедница во Србија. Додека секојдневно слушаме декларативни пораки за „европскиот пат на Србија“ и вредностите на демократијата, во исто време сме сведоци на загрижувачката практика на задушување на слободата на изразување и протерување на странски државјани за поддршка на студентите и граѓаните во борбата за правда“, напишаа студентите на социјалните мрежи.
„Дали е ова „европска Србија“? Не, тоа е автократија која брутално се справува со секоја форма на слободна мисла“, додадоа тие.
Во изминатите месеци, италијанскиот пијанист Давид Мартело, докторката Ариен Стојановиќ Ивковиќ, која се уште ќе остане во земјата, а сега и Јар Булавин, беа протерани од државата.
„Тој беше протеран поради фотографија од протест, и тоа го направи „непожелен“. Тоа не е владеење на правото. Тоа е политичка одмазда“, заклучуваат студентите