Рускиот владика Антониј дошол да му го честита именденот на архиепископот Стефан.Не се зборело за томосот од Вселенската патријаршија

.Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на Синодот на МПЦ-ОА.

Во кусата изјава за Сител по средбата, митрополитот Антониј кажа дека дошол во Скопје за лично да му го честита именденот на г.г. Стефан и оти се радува за автокефалноста на МПЦ-ОА.

– Овде сме како претставници на РПЦ за да искажеме честитки за неговиот именден којшто беше пред неколку дена. Донесовме братски пораки и поздрави од нашиот патријарх – рече владиката Антониј.

Тој и г.г. Стефан по средбата заедно го посетија соборниот храм „Св. Климент Охридски”.

Предвидено е г.г. Стефан и митрополитот Антониј, утре заеднички да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

Изјава по средбата даде и митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, кој посочи дека целта на посетата на митрополитот Антониј, кој е задолжен за дипломатијата на РПЦ, е да одржи пријателска средба со поглаварот на МПЦ-ОА, да му го честита именденот и Божик, како и да поразговараат, без да открие детали за што станало збор.

– Ова е прва негова посета на МПЦ-ОА откако РПЦ не призна какао автокефална црква. Ова е посета за која од страна на рускиот патријарх е задолжен да му го честита именденот на нашиот поглавар. Сето тоа беше еден пријателски разговор околу признавањето на МПЦ-ОА од страна на РПЦ и за понатамошна соработка – изјави владиката Тимотеј.

На новинарско прашање тој рече дека не се разговарало за томосот што се очекува од Вселенската патријаршија за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј негира и дека посетата била криена и држена во тајност.

Back to top button
Close