Руските истражители сметаат дека дека уривањето на двата моста во Курск и Брјанск се „терористички акти

Руските истражители изјавија дека уривањето на двата моста во близина на границата со Украина е предизвикано од „терористички акти“, наведуваат руските медиуми, пренесува ДПА.

Одделните инциденти, во кои наводно загинаа седуми и повредени се најмалку 70 лица, доведоа до тоа возовите во текот на ноќта да излезат од шините откако два моста се урнаа во пограничните региони Брјанск и Курск.

-Пријавените инциденти се класифицирани како терористички акти, изјави Светлана Петренко, портпаролка на Истражниот комитет.

Гувернерот на Курскиот регион, Александар Хинштеин изјави дека „едно лице е повредено во инцидентот во Курск“.

Во Брјанск, пак, седум лица загинаа, а околу 70 се повредени, вклучувајќи три деца, објави гувернерот Александар Богомаз.

Богомаз, исто така, ги потврди извештаите за експлозија на мостот.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин веќе има телефонски разговор со раководителот на „Руски железници“ и со гувернерот на Брјанск, Богомаз откако во текот на ноќта ги добил извештаите за инцидентите.

ДПА посетува дека украинското разузнавање постојано извршува саботажи и напади на руска територија.

Back to top button
Close