Руско разузнавање: Србија продолжува да испраќа муниција до Киев за убивање руски војници и цивили


Службата за надворешно разузнавање на Русија ја обвини Србија дека продолжува да ја снабдува Украина со муниција, наведувајќи дека целта на тие испораки е да се убијат руски војници и цивили.

Во остра изјава насловена како „Србија се обидува да пука во Русија во грб“, која ја објави на својата веб-страница, руската служба наведува дека лажните сертификати на крајните корисници и земјите-посредници се користат како покритие за антируски активности.

„СВР добива информации дека српски компании од наменска индустрија продолжуваат да ја снабдуваат Украина со муниција, спротивно на „неутралноста“ прогласена од официјален Белград. Едноставна шема со лажни сертификати на крајните корисници и земјите-посредници се користи како покритие за антируски активности, меѓу кои најчести се членките на НАТО, првенствено Чешка, Полска и Бугарија. Во последно време, за оваа цел се користат и егзотични опции, вклучувајќи ги и африканските земји“, се вели во соопштението.

Се наведува дека „придонесот на српската одбранбена индустрија во војната што ја започна Западот, чиј исход Европа би сакала да го види како „стратешки пораз“ на Русија, се рефлектира во стотици илјади гранати за повеќецевни ракетни фрлачи и хаубици, и во милион куршуми за лесно оружје“.

„Ваквите испораки тешко можат да се оправдаат со „хуманитарни причини“. Тие имаат една очигледна цел – да убијат и осакатат руски воен персонал и цивилното население на Русија. Најголемите компании од домашната одбранбена индустрија, вклучувајќи ги Југоимпорт СДПР, Зенитпром, Крушик, Софаг, Рејер ДТИ, Слобода, Први Партизан и други, учествуваат во организираната „лента на смртта“.

Руската служба, исто така, наведува дека „се добива впечаток дека српските производители на оружје и нивните покровители, поради нивната желба да профитираат од крвта на братските словенски народи, целосно заборавиле кои се нивните вистински пријатели, а кои се нивните непријатели“.

Back to top button
Close