Рускоска за ТВ21: Рекет фрли голема сенка врз судството, Катица Јанева и Боки 13 во граѓански суд Камчев бара 1.5 милони евра оштета

Случајот Рекет фрли голема сенка врз судството и обвинителството, оцени обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Токму денеска пред граѓанскиот суд се водеше предметот во кој бизнисменот Орце Камчев ги тужи поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Боки 13 и бара отштета односно си ги бара парите назад, по пресудата дека му земале рекет од еден и пол милион евра. Се работи за парите кои во ташна на Луј Витон беа изнесени од куќата на Камчев и тоа од Зоран Милески Кичеец, за кого пак Камчев ја повлекол тужбата. Како Рекет влијаеше врз судството и обвинителството.

„Фрли голема сенка и врз судството особено врз обвинителството. Без разлика што поранешното СЈО беше издвоено од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија како посебен субјект а особено негативно се одрази врз сите обвинители и обвинителства воопшто. Се надевам дека полека ја враќаме довербата на јавноста во Јавното обвинителство генерално“, вели Рускоска.

Во однос на последниот случај со екс генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, Рускоска вели дека во моментов според е договорот во четири очи, но засега не открива дали овој случај ќе се проширува.

Не можам да знам дали ќе се проширува. Во рана фаза е истрагата, значи се уште се собира документација. Јас не го водам предметот, но по она што ме брифира колешката уште се собира документација.
Рускоска во ноември и истекува мандатот и открива дека нема да се кандидира за втор мандат, но вели и дека нема намера да се кандидира ниту за судија во Уставниот суд“, рече Рускоска.

Back to top button
Close