Руското Министерство за одбрана предлага пет начини за завршување на војната

Руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина.

Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се:

*Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил.

*Територијата на „Доњецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск.

*Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција.

*На Русија не и е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира.

*Кога ќе бидат можни нови власти во Украина, и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив.

Back to top button
Close