Русковска барала вештачење на телефонот со кој е сликан Рашковски

Обвинителката Вилма Русковска побарала лицето кое го снимило Драги Рашковски како се движи по улица изминативе денови, да дојде во Обвинителството за на неговиот телефон да се изврши вештачење. Целта на ова е да се докаже дека Рашковски не го испочитувал дозволеното време за движење и ја прекршил дозволата од судот.

-Јас се јавив на лицето кое го поседува порталот и побарав лицето кое го снимало да дојде во обвинителството, за да се изврши форензичко вештачење на телефонот. Судот нас нема да ни поверува само на збор, дека тој е забележан по времето за кој му е одобрен излезот. Нели, напуштање на домот.. Но, не дојдоа, не се појавија – рече Русковска.

Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична. Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.

Back to top button
Close