Русковска: Да не се политизираат убиствата на Вања и Панче, оти и тоа ќе се разгледува пред екстрадицијата


Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете, изјави денеска поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои е првоосомничен Љупчо Палевски – Палчо.

Во изјава за медиуми по доделувањето на државната награда „Св. Климент Охридски“ во Собранието на РМ, Русковска кажа дека и колегите во Турција, од каде се очекува Палевски да биде екстрадиран, ќе го имаат сето ова во предвид.

– Сметам дека и колегите во Турција, односно судиите, кои ќе ги разгледуваат доказите и ќе одлучуваат по екстрадицијата, ќе го имаат сето ова предвид – рече таа.

Според неа, истрагата треба допрва да утврди која е вистинската позадина на случајот.

Министерството за правда вчера го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски до Турција, откако беше упасен во оваа државана 5 декември, еден ден по распишувањето на меѓународната потерница

Back to top button
Close