Русковска: Има најави и дека Мијалков сака да се спогоди со Обвинителството

Сашо Мијалков исто така сака да се спогоди за случајот „Империја“, информира денеска шефицата Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Според неа, има најави дека и Мијалков сака спогодба, но како што вели, „ќе видиме што ќе понуди и сигурно ќе биде поголема и сумата што би требало да ја уплати во Буџетот на државата“.

-Дали ќе прифатиме ќе зависи од координација со јавниот обвинител Јовески. Сакам да појаснам дека е многу за државата во готово да се уплатат средства од овие замрзнати 32 милиони евра, затоа што сите знаеме колку време треба за пресуда и таа да стане правосилна. Вчера разбрав дека за одземен имот од предметот „Франкфурт мафија“, сега почнува постапката за продавање после 10 години. Во интерес на државата е да се уплатат пари во готово, кажа Русковска во емисијата „Топ тема“.

Обвинителката смета дека граѓаните треба да бидат задоволни од тоа што средствата се плаќаат во готово и дека се враќаат во Буџетот на Македонија.

Back to top button
Close