Русковска: Имаме докази, предметот ни е чист, штетата на буџетот е околу 57 милиони денари

„Предистрагата (за Мухамед Зекири) траеше повеќе месеци, инспектори работеа заедно со колешката на прибирање докази. Не мислам дека се работи за политички пртесметки, има доволно докази за сторено кривично дело. Два дена пред отворање на истрагата еден од осомничените ја напуштил државата. Штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра.

Се е незаконско, секоја набавка над 400.000 евра треба да има и меѓународен тендер, не е побарана ни согласност од Биро за јавни набавки, сега за сега, предметот ни е чист со овие докази кои ни се обезбедени. Не знам како функционира Владата, но генералниот секретар располага со целиот буџет на Владата. Оттаму донеле постапка за консултанска услуга, но ова е направено во четири очи. Кога прочитав дека Зекири е посочен со име и презиме, не знам како толку брзо се дојде до името, беше соопштено само дека се работи за висок владин функционер. Во Обвинителството не е кртот“ – вели Вилма Русковска, Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close