Русковска: Ме оставија со само 5 обвинители!

Веќе две недели Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција работи со пет обвинители помалку, на кои 4-годишниот мандат им истече на 1 февруари, а од друга страна, сѐ уште не е закажана седница за избор на нови обвинители. Поради ваквата ситуација Обвинителството е оставено да функционира со само 8 обвинители, од кои 3-ца се во специјализираното одделение.

Шефицата на Организиран, Вилма Русковска, во изјава за „Фокус“ вели дека функционираат многу тешко, а на судења од 1 февруари одат само обвинителите кои се со мандат.

-Како функционираме? Многу тешко. Ме оставија со пет обвинители со мандат. Останатите тројца се во специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, ни изјави обвинителката Русковска

Back to top button
Close