Русковска на знае какви гаранции од неа чекал Камчев  

Не знам за какви гаранции зборува Орце Камчев – ова е кусиот коментар на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска, која го даде за ТВ 24, коментирајќи ја „бомбата“ во која Камчев на поранешниот премиер Никола Груевски му говори дека сакал да објави пораки од обвинителката Лиле Стефанова, но немал гаранции од Русковска.

„Јас бев спремен да ја нападнам, но немав гаранција од Вилма (Русковска). Сакав да и ги извадам пораките на (Ванчо) Чифлиганец и нејзе за тоа таквото, тие што ги имам, разбираш. Ама да имам гаранција, да идам само јас со глава во ѕид, овие сите бегаат. Зашто нејасно е зашто само мене Стефанова ми е обвинител во сите предмети. Јас ги имам тие, но треба да влезе обвинителство, со телефони, да ги земе и да ги отвори. Васе Димишков е сниман дека и бара на Ана 6 милиони, па таа не отвора истрага. Кај има таква работа. Сестра му уште е на предметот. Мафија бе шефе!“, му вели Камчев на Груевски.

Камчев не ги коментираше разговорите, додека Груевски ја потврди нивната автентичност, па дури ги предложи како доказ пред суд.

 

 

Back to top button
Close