Русковска- Суспендирањето и дисциплинската мерка ме натераа пак да се кандидирам

Случувањата во последните два месеца ме мотивираа да поднесам кандидатура за нов мандат во Основно јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, порача обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Таа во повеќе наврати во изминатиот период изјавуваше дека нема намера да аплицира за истото работно место од кое е времено оддалечена по пријавата на екс-директорот на Управата на финансиска полиција, Арафат Муареми.
– Во повеќе наврати изјавив дека немам намера да се кандидирам за истото работно место и мојата кандидатура за заменик републички обвинител го покажува токму тоа. Но, по природа сум борец и сето ова што се случи во последните два месеца ме мотивира повторно да поднесам пријава за истото работно место. Да не беше временото оддалечување од работното место, да не беше предлогот за поведување на дисциплинска постапка, сигурно немаше повторно да се пријавам – истакна Русковска.

Суспендираната шефица на ОЈО ГОКК додаде дека со повторната кандидатура да биде на чело на институцијата сака да се избори во иднина на ниту еден колега да не му се случи она што ѝ се случи на неа.

Back to top button
Close