„Цел свет ги виде доказите“ – Нема основа за повторено судење
Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во најновото интервју за „Ноќно студио“ ја отвори темата за судските процеси поврзани со упадот во Собранието на 27-ми април, објави 4news.mk Таа стави посебен акцент на политичките ветувања за амнестија од страна на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, како и на тезите на одбраната за можни нови докази кои би довеле до повторување на постапката.
Амнестијата е политичка, а не правна одлука
Русковска истакна дека нема апсолутно ништо против доколку актуелната власт и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова решат да ги амнестираат осудените за 27-ми април, посочувајќи дека тоа било дел од нивните предизборни ветувања.
„Јас не им ја пишував програмата на ВМРО и на претседателката Сиљановска дека ќе ги амнестира. Они си ја напишаа програмата. Зошто не го реализираат тоа, треба нив да ги прашате,“ изјави Русковска. Таа додаде дека во секое демократско општество политичарите кои не ги исполнуваат ветувањата дадени пред доаѓањето на власт треба да поднесат оставки, критикувајќи го политичкиот менталитет на Балканот.
Воедно, Русковска потсети дека и претходната власт на СДСМ веќе интервенираше во овој случај, кога дел од обвинетите беа ослободени токму преку Закон за амнестија.
„Цел свет ги виде доказите“ – Нема основа за повторено судење
Одговарајќи на најавите дека одбраната поседува нови докази поради кои би барала повторување на судењето, поранешната обвинителка беше категорична дека такво нешто е невозможно, бидејќи пресудата не се базира на измислени тези, туку на цврсти материјални докази.
Повеќе на 4 news.mk






