Русковска за Призма- Со Мијалков лично не сум контактирала, од Камчев несакам да имам телефон

Шефицата за организиран криминал Вилма Русковска во интервју за порталот призма.мк одговара на прашања за актуелните протвореници и другите истраги за сомнежи за корупција,за примедбите кои ги доби од премиерот дека не се согласува секогаш со неа, дали планира вгодина кога и истекува мандатот прв човек на обвинителството за организиран криминал ,повторно да се кандидира за оваа позиција.

Нашиве политичари никако да разберат дека не требе да коментираат постапки што се водат во обвинителството и судот,вели Русковска како коментар на изјавата на премиерот дека не и верува на Русковска за истрагата за Рашковски.

Таквите изјави вели таа може да остават вшечаток во јавноста дека се одлучува под притисок. Русковска и во ова интервју потврдува дека нај обемен и нај сложен предмет во моментов во обвинителството е случајот “Империја“. Вели дека овој високопрофилен предмет е најсложен и дека вештаците на два пати побарале заради обемноста да им биде продолжен рокот за вештачење но е убедена дека многу скоро истрагата за Империја ке финишира како и истрагата за Рашковски.

Русковска открива дека обвинителството има сега свои истражители и за неколку предмети како што се планина и Рачковски ги работеле без да ја информираат МВР.Русковска во интервјуто зборува и за двајцата најпопуларни притвореници, Мијалков и Камчев. Тврди дека нема лични контакти со двајцата,нема нивни телефони и несака да ги има.

Обвинителката незнае зошто не била повикана на итниот неформален кризен штаб за бегството на Мијалков, на кој беа собрани министри и првите луге од судството.

Таа во интервјуто вели незнам зошто не ме викнаа но излезе дека Мијалков има најголема доверба во мене.

Тој вели Русковска и се јавил на телефон дека сака да се предаде и така и направил. За Камчев вели дека контактирала со него само за “Рекет“ и за ништо друго.

Не сакам ни да му го меморирам бројот,вели Русковска за Камчев.

Интерјуто на Васко Маглешов со обвинителката Русковска целосно прочитајте го тука

Back to top button
Close