Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
-
Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони
28.03.2024 19:14
Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор и уплатил 5,1 милиони евра во државниот буџет, изјави шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во емисијата „Топ Тема“ која вечерва ќе биде емитувана на Телма ТВ.
Истрагата за овој финансиски случај заврши и според најавите на обвинителката Лиле Стефанова, која го работи овој предмет, до крајот на мај може да се очекува обвинение за случајот.
Можните спогодби на дел од обвинетите лица, како што е оваа на Камчев, Стефанова ги најави во изјава за медиумите пред една недела.