Русковска: Заев беше сведок на одбраната, обвинетите не се мали деца да ги манипулираат

 

 

Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не беше викнат во својство на вешто лице да дава свое мислење. Тој не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите на 27 април, изјави обвинителката што го води случајот со организаторите на „крвавиот четврток“, Вилма Русковска по сведочењето на премиерот Зоран Заев кој рече дека главен организатор на овој упад бил поранешниот премиер, Никола Груевски, а сега обвинетите биле изманипулирани. Таа вели дека нема да го повелече обвинението по овој исказ.

-Апсолутно не се сложувам дека биле изманипулирани, обвинетите не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира, особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.
Јас искрено се надевам дека судот ќе ги цени како материјалните докази предложени од обвинитлеството и одбраната и изјавите на сведоците и дека ќе донесе правилна и законита одлука“, рече Русковска.

На судењето за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Заев исто така беше сведок, но на обвинитеслтвото, но за судењето за организаторите за овој настан бил предложен како сведок на одбраната.

Заев во сведочењето рече дека обвинетите за организирање на „27 април“, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Трајко Вељаноски не го осмислувале и организирале упадот, туку дека биле изманипулирани од Груевски.

Back to top button
Close