Руте бара забрзување на производството и иновациите во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека забрзувањето на производството и иновациите во одбраната е клучно за зајакнување на одвраќањето и обезбедување на колективната безбедност.
Тој, на Трансатлантскиот форум за пристап до одбранбената индустрија, што се одржува во седиштето на НАТО во Брисел, ги повика одбранбените компании да го зголемат производството и побрзо да испорачуваат воена опрема.
Според него, издвојувањето за одбраната нема да биде доволно ако не биде проследени со проширување на индустриските капацитети.
– Парите се клучни. Но, самитот, што следниот месец ќе се одржи во Анкара, нема да се занимава само со парите. Мора да биде насочен кон борбените капацитети и значајното проширување на нашите одбранбени индустрии, наведе Руте.
Тој додаде дека со поголемите вложувања во одбранбениот сектор нема да се зајакне само безбедноста, туку ќе се поддржи и економскиот раст и вработувањата.






