Руте го осуди насилството за време на викендот во Холандија

Руте: Италија следниот пат треба сама да ги решава проблемите - МИА

– Холандскиот премиер Марк Руте денеска ги осуди немирите со кои дојде за време на викендот низ целата земја, во кои демонстрантите ја напаѓаа полицијата и подметнаа пожари во знак на протест против полицискиот час, што е наметнат за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Руте ги опиша немирите како кривично дело насилство, додека полицијата соопшти дека се приведени стотици лица вклучени во инцидентите.

Патем, немирите почнаа во саботата вечерта и траеја до раните утрински часови во понеделникот, вклучувајќи ги и оние во кои учесниците фрлаа камења, додека во еден инцидент демонстрантите им извадија ножеви на полицајците и запалија станица за тестирање од Ковид-19, јавија британските медиуми.

-Ова нема никаква врска со протестите, ова е кривично дело насилство и ние ќе се однесуваме кон него на тој начин, изјави Руте пред неговата канцеларија во Хаг.

Училиштата и продавниците со несуштински продукти во Холандија се затворени од средината на декември, а баровите и рестораните два месеци пред тоа.

Владата на Руте од саботата воведе и полициски час, загрижена дека многу заразната британска варијанта на коронавирусот може да предизвика зголемување на бројот на лица кои ќе настрадаат од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Холандија се регистрирани 944.000 заразени лица, додека досеха цумреле 13.540.

Back to top button
Close