Руте: Разбираме дека постигнувањето договор за завршување на оваа војна ќе бара тешки одлуки
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска е во посета на Киев кој беше погоден од тешки руски напади во текот на ноќта.

Украинскиот претседател Володмир Зеленски објави фотографии на социјалните мрежи од него и Руте како го посетуваат Плоштадот на независноста во Киев за да положат венци во чест на украинските војници убиени во конфликтот, кој се приближува кон својата четврта годишнина.
Во говорот пред украинскиот Парламент, Руте нагласи дека програмата за воена помош на Украина обезбедува 90 отсто од одбранбените ракети што ги користат украинските сили.
Завршувањето на конфликтот во Украина ќе бара тешки одлуки, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во говорот пред украинскиот парламент, емитуван на парламентарната телевизија.
Разбираме дека постигнувањето договор за завршување на оваа војна ќе бара тешки одлуки“, рече Руте.
Тој претходно изјави дека земјите од НАТО се подготвени брзо да ѝ дадат поддршка на Украина.
Според него, штом ќе се постигне мировен договор, „ќе се појават вооружени сили, авиони во воздух и поморска поддршка“ од оние земји што се согласиле со тоа






