Руте: Земјите-членки на НАТО разговараат за „најдобриот начин“ за отворање на Ормускиот теснец

Земјите-членки на НАТО во моментов разговараат за најдобриот начин за отворање на Ормускиот теснец, блокиран од Иран по израелско-американската воена операција, изјави генералниот секретар на алијансата Марк Руте.
„Секако, сите се согласуваме дека теснецот мора да се отвори. Според информациите што ги имам, сојузниците во моментов работат заедно и разговараат за најдобриот начин да дејствуваат и да го деблокираат Ормускиот теснец“, рече Марк Руте, кој е во посета на северна Норвешка, каде што се одржува воената вежба „Студен одговор“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикуваше одбивањето на сојузниците на САД да помогнат во заштитата на Ормускиот теснец и се закани дека Вашингтон нема да се грижи за неговата безбедност.






