Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“

Самиот предлог предизвика голем број контрасти и емоции, што е разбирливо. Секое навлегување во идентитетот претпоставува емотивна реакција кај граѓаните. Сепак би поставил прашање – што ако немавме никаков предлог и дали ќе мрднеа некакви работи?“ – рече вечерва универзитетскиот професор и поранешен дипломат, Нано Ружин околу францускиот предлог за подигање на бугарското вето за земјава во ЕУ.

Тој додава дека во предлогот од Париз, „некои работи не ни се допаѓааат, некои се прифатливи“.

„Прашањата од идентитетот и јазикот мора да бидаат надминати, бидејќи не се прифатливи и се нашите црвени линии. Мислам дека јазикот е заштитен со овој француски предлог. Секогаш се знае дека никогаш не можете да бидете победник во дипломатско договарање. Не постои вин-вин, но не треба да се прифати дека услов за отпочување на преговорите е да влезат Бугарите во Уставот. Тоа ќе го закочи процесот, оти немаме двотретинско мнозинство во Собранието“, рече Ружин во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Професорот е убеден дека Макрон нема големо познавање на Преспанскиот договор и затоа го употребил терминот „северномакедонци“.

Back to top button
Close