Сабаленка се изедначи со Шарапова по бројот на титули на ВТА 1000
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка победи на ВТА 1000 турнирот во Мајами. Во финалниот меч светската тенисерка број еден синоќа ја совлада Американката Џесика Пегула со резултат 7:5, 6:2.
Дваесет и шестгодишната Белорусинка го освои осмиот турнир ВТА 1000, израмнувајќи го рекордот на Марија Шарапова.
Повеќе титули на ВТА 1000 освоиле само Серена Вилијамс (13), Викторија Азаренка (10), Ига Швјонтек (10), Симона Халеп (9) и Петра Квитова (9).
Сабаленка има освоено 19 ВТА титули во сингл. Таа е и трикратна Грен слем шампионка.