Саборот изгласа новата хрватска Влада место 20 да има 16 министерства

– Хрватскиот Сабор (парламент) вечерва изгласа закон со кој земјата ќе има помала влада, која место претходните 20 во следниот мандат ќе има 16 министерства.

За новиот закон за организација и обем на органите на државната управа гласаа 85 пратеници, 30 беа против, а шестмина воздржани.

Владеачката коалиција наведува дека со новиот закон владата ќе стане пофункционална и пооперативна и ќе овозможи спроведување на програмата што мандатарот Андреј Пленковиќ ќе ја претстави в четврток.

Парламентарната опозиција, меѓутоа, смета дека оваа реорганизација е само од козметичка природа и дека не мора нужно да доведе до заштеда, како и дека ќе се спојат некомпатибилни оддели.

Според новиот закон владата ќе има 16 министерства, што е за четири помалку од порано, а останува истиот број на централни државни канцеларии, бидејќи таа за спорт се интегрира во Министерството за туризам, а формирано е и нова за демографија и млади. сд/

Back to top button
Close