САД ја следат ситуацијата, а Франција нуди помош и азил за Навални
САД ја следат ситуацијата со критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Изјавата на Трамп уследи откако рускиот опозициски лидер е хоспитализиран, додека неговите соработници се сомневаат дека тој е отруен.
Во меѓувреме, претседателот на Франција, Емануел Макрон на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека Париз е подготвен да пружи неопходна помош за Навални, вклучително и азил.
Макрон истакна дека Франција и Германија се подготвени да пружат медицинска помош.
Навални е одделение за интензивна нега во сибирската болница во Омск, во бесознание и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, утринава бил отруен. Тој падна во бессознание на летот од Томск за Москва, пред кој се имал напиено само чај. Авионот принудно слета за Навални да биде пренесен во болница.