САД ќе им дадат на ОН 1,8 милијарди долари за хуманитарни цели

САД ќе им обезбедат на Обединетите нации 1,8 милијарди долари за хуманитарна помош, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, додавајќи дека парите ќе помогнат да се стигне до „милиони луѓе со поддршка што спасува животи“.

Средствата ќе помогнат во доставувањето помош на луѓето погодени од најлошата хуманитарна криза во светот, рече Гутереш.

САД во декември веќе и дадоа две милијарди долари на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи

Back to top button
Close