САД ќе им позајмат на Мексико и Канада четири милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“

САД планираат да испратат во Мексико и Канада четири милиони дози од вакцината на „ АстраЗенека“ што не ги користат, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извор од администрацијата на претседателот Бајден.

Мексико ќе добие 2,5 милиона дози од вакцината, а Канада – 1,5 милиона дози.

-Ставот на админстрацијата е дека вирусот не познава граници и може да се победи само доколку им помогнеме на нашите глобални партнери, наведе изворот.

Администрацијата на Бајден е под притисок од нејзините сојузници ширум светот да сподели вакцини, особено на „АстраЗенека“, која е одобрена за употреба во другите земји, но се уште не е во САД.

„АстраЗенека“ има милиони дози изготвени во САД  и соопшти дека до почетокот на април ќе има подготвено 30 милиони вакцини.

-Договорот за споделување вакцини, што се уште е во фаза на финализирање, не влијае врз плановите на претседателот Џо Бајден до крајот на мај да обезбеди вакцина за сите постари лица во САД, изјави официјално лице од администрацијата.

Договорот најверојатно ќе биде објавен во наредните денови, а Мексико и Канада ќе ги вратат вакцините назад во САД во текот на оваа година.

Back to top button
Close