САД ќе испратат противракетен систем во Израел поради заканата од Иран
Пентагон денеска соопшти дека ќе го испрати во Израел противракетниот одбранбен систем THAAD со кој ќе управува американската војска како одговор на ракетните напади на Иран.
Секретарот за одбрана Лојд Остин „овластил распоредување на батерија THAAD како и тим од американски воен персонал во Израел за да помогне во зајакнувањето на израелската противвоздушна одбрана по иранските напади врз Израел на 13 април и 1 октомври“, рече портпаролот на Пентагон, генералот Пет Рајдер.
Тој прецизира дека батеријата THAAD веќе била распоредена во Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, а пред тоа во 2019 година.