САД ќе започнат разговори подоцна оваа година за намалување на трупите во Европа, вели американскиот амбасадор во НАТО
Соединетите Американски Држави ќе започнат разговори со своите европски партнери подоцна оваа година за намалување на бројот на американски војници во Европа, изјави американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер.
-Ќе стане јасно по самитот на НАТО во Хаг или подоцна оваа година… ќе започнеме со овие преговори, изјави Витакер на прес-конференција во Естонија.
„Ништо не е одлучено, но откако ќе одлучиме, ќе ги имаме овие дискусии во рамките на структурите на НАТО“, додаде тој.