САД евакуира дел од дипломатскиот персонал во Бејрут поради тензиите со Иран

Неименуван висок претставник на Стејт департментот денеска изјави дека се повлекува дел од персоналот од Амбасадата на САД во Бејрут, поради евентуален воен судир со Иран,
– Континуирано ја проценуваме безбедносната ситуација и врз основа на нашите последни процени утврдивме дека е разумно да го намалиме нашето присуство на неопходен персонал, изјави неименуваниот извор.
Тој додаде дека Амбасадата на САД останува оперативна со основниот персонал.
Исто така, неименуван извор од Амбасадата на САД во Либан, наведе дека се евакуирани 50 луѓе.
САД неодамна го засилија военото присуство во Блиски Исток, а претседателот Доналд Трамп во петокот изјави дека размислува за ограничени напади врз Иран.






