САД ги поништуваат визите на странските државјани поради коментарите за Кирк
САД поништија визи на неколку странски државјани поради изјави поврзани со нападот врз десничарскиот активист Чарли Кирк, соопшти Стејт департментот.
Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод смртта на Кирк.
Германски државјанин ја прослави смртта на Кирк и се обиде да го оправда неговото убиство, пишувајќи „когa фашистите умираат, демократите не се жалат“, се посочи Стејт департментот на Икс.
– САД немаат обврска да бидат домаќини на странци кои им посакуваат смрт на Американците, истакна Стејт департментот и најави дека ќе продолжи да ги идентификува носителите на визи кои „го прославија гнасниот атентат“ врз Кирк.
Кирк беше застрелан на настан на Универзитет во американската сојузна држава Јута на 10 септември. Смртта на истакнатата конзервативна политичка и медиумска фигура имаше големо политичко влијание во САД.
Претседателот на САД, Доналд Трамп ја обвини „радикалната левичарска“ реторика за нападот, додека според неговите противници, неговите коментари придонеле за национална поделба.
Стејт департментот во септември предупреди дека странските државјани би можеле да се соочат со одземање на визи доколку го оправдаат нападот врз Кирк.