САД ги ставија Мијалков и Груевски на црната листа

САД ги ставија ексшефот на Управата за безбедност и контраразурнавање (УБК), Сашо Мијалков и поранешниот премиер Никола Груевски на црната листа, соопшти Стејт департментот.

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушија довербвата на јавноста во владите. Додека беше премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дела кои вклучуваа искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во избворните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, се наведува во одлуката на Стејт департментот
И за Сашо Мијалков е наведено дека бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучувале негово политичко влијание и моќ за личен бенефит.

Back to top button
Close