САД го издадоа првиот пасош со посебна категорија, за секој што не сака да се изјасни дали е маж или жена

Соединетите Држави го издадоа првиот пасош кој содржи категорија Х за секој што не сака да се изјасни дали е маж или жена, објави Стејт департментот.

Се очекува следната година да се воведат категории за небинарни, интерсексуалност и родова некомпатибилност. Специјалниот претставник на САД за правата на ЛГБТК Џесика Стерн го нарече овој потег историски, нагласувајќи дека документите треба да се усогласат со реалноста.

„Кога некое лице има документи кои се одразуваат на неговиот вистински идентитет, тој ќе живее со повеќе достоинство и почит“, рече таа. Не е соопштено кому му е издаден првиот пасош.

Back to top button
Close