САД го поздравија мирното чествување на 4 февруари и напорите за деескалација на реториката меѓу Скопје и Софија

На прашање испратено од Македонската информативна агенција (МИА), дали САД сметаат оти бугарската реакција околку нападот на Христијан Пендиков, како и декларацијата изгласана во собранието на Бугарија, е преувеличување до невидени размери од страна на официјална Софија, Вашингтон одговори дека двете страни веќе работат на деескалација на ретороиката и го поздрави мирното чествување на денот на раѓањето на Делчев
Американскиот Стејт департмент го поздрави мирното и достоинствено честување на денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев кое се одржа во саботата во Скопје, како и напорите на македонските и бугарските лидери за деескалација на меѓусебната реторика.

На прашање испратено од Македонската информативна агенција (МИА), дали САД сметаат оти бугарската реакција околку нападот на Христијан Пендиков, како и декларацијата изгласана во собранието на Бугарија, е преувеличување до невидени размери од страна на официјална Софија, Вашингтон одговори дека двете страни веќе работат на деескалација на ретороиката и го поздрави мирното чествување на денот на раѓањето на Делчев.

„Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на Северна Македонија“,
изјави официјален Вашингтон за МИА.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close