САД го суспендираа стратешкиот дијалог со Косово


СAД го суспендираа на неодредено време планираниот стратешки дијалог поради загриженост во врска со дејствијата на Владата на Косово кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на САД продуктивно да работат на заедничките приоритети, соопшти Амбасадата на САД во Приштина.

-Нашиот однос со Косово се темели на заедничка цел: зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет. За жал, неодамнешните дејствија и изјави на привремениот премиер Курти претставуваат предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години. Стратешкиот дијалог имаше за цел зајакнување на економските и дипломатските врски во корист на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел што народот на Косово ја дава како приоритет, се вели во соопштението.

Од Амбасадата претходно во изјава за косовоски медиуми беше речено дека изјавите на Албин Курти на седницата на Главниот одбор на движењето Самоопределување, каде што е нападнат Уставниот суд, ја зголемиле нестабилноста и несигурноста во Косово.

Стратешкиот дијалог е процес што американскиот Стејт департмент го спроведува со земјите од светот со цел подобрување на билатералните односи, а вклучува разговори на високо ниво на широк спектар теми како што се одбраната, безбедноста, животната средина, енергетиката и економската соработка.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close