САД: Градоначалничката на Атланта позитивна на коронавирус

Градоначалничката на Атланта, Кеиша Ленс Ботомс е позитивна на коронавирус и е во самоизолација.

„Немав никакви симптоми, но сум позитивна на коронавирусот, напиша Кеиша на својот профил на Твитер, наведувајќи дека е тестирана двапати овој месец.

Градоначалничката на Атланта е во самоизолација во нејзиниот дом и ќе биде таму во наредните две недели, пренесе Си Ен Ен.

САД се први во светот во однос на бројот на заразени и бројот на починати од коронавирус. Заразени се повеќе од три милиони, а повеќе од 130.000 Американци починале досега од оваа болест.

Back to top button
Close