САД и 20 други земји со осуда за кршењето на човековите права на Куба

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на уште 20 други земји ги осудија масовните приведувања на Куба и ги повикаа властите на островот да го приклучат интернетот за сите во земјата.

-Демократите од целиот свет денеска се единствени во поддршката на кубанскиот народ и го повикуваат владата на Куба да ги послуша барањата на Кубанците за универзални човекови права, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

-Како што кажа претседателот Бајден, кубанскиот народ изрази гласен повик за слобода, рече тој 

Заедно со САД, заедничка изјава за ова потпишаа Австрија, Бразил, Колумбија, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Еквадор, Естонија, Гватемала, Грција, Хондурас, Израел, Латвија, Литванија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Јужна Кореја и Украина. 

Кубанската влада одговори со непризнавање на гласовите на својот народ, со натамошно нивно задушување, со селективни апсења и тајни и брзи судења без да се запазат процедуралните гаранции, соопштија од Стејт департментот.  

САД минатата недела воведија санкции против некои раководители на кубанските служби за безбедност поради газење на човековите права за време на задушувањето на антивладините протестни акции што почна на 11 јули. 

Една од главните причини за протестите на Куба е економската криза во земјата, неуспешното справување со пандемијата и загрозените човекови права.

Back to top button
Close