САД: Кина може да тргува со Венецуела, но контролата мора да остане во рацете на Вашингтон

Постојат можности за балансирање на улогите на САД и Кина во Венецуела за да се овозможи трговија, но Вашингтон нема да дозволи Пекинг да има главна контрола врз Каракас, изјави американскиот министер за енергетика Крис Рајт во интервју за „Фокс бизнис нетворк“.

Рајт изрази очекување дека американската нафтена компанија „Шеврон“ брзо ќе ја прошири својата активност во Венецуела и ќе стане водечка компанија во земјата, а можно е кон неа да се приклучат и „КонокоФилипс“ и „ЕксонМобил“.

– Мислам дека веројатно ќе видите долгорочно присуство на Кина во Венецуела, но само ако САД бидат доминантната сила во земјата, ако се почитува законот и ако Вашингтон го контролира протокот на нафта. Тоа би било добро, рече Рајт.

Тој оцени дека е можен баланс со Кина, но нагласи дека САД нема да дозволат Венецуела да стане „клиентска држава“ на Пекинг.

Министерот додаде дека разговарал со раководствата на водечки американски нафтени компании и дека многу од нив изразиле разочарување што не биле поканети на неодамнешна средба на енергетскиот сектор во Белата куќа, без да наведе конкретни имиња.

Back to top button
Close