САД не очекува напад на Иран врз Израел
Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека Вашингтон ја дели оценката на Ерусалим дека Иран може да изврши оваа недела голем напад врз цели во Израел. Кирби вели дека САД ја споделуваат загриженоста на Израел за ирански напади и дека САД се подготвиле за големи напади. Според Кирби, САД ги зголемија своите сили во регионот изминатите денови. Иран и неговите полномошници на Блискиот Исток би можеле да извршат напад врз Израел во следните 24 часа, изјавија за Фокс њуз неименувани извори од регионот на Блискиот Исток. „Официјални лица (на Блискиот Исток) веруваат дека стигнавме до нулти ча“, јави телевизијата. За ирански напад врз Израел во оваа недела јавија и други американски медиуми (Аксиос, Си-Ен-Ен…) со забелешка дека тоа ќе биде извршено пред закажаната за в четврток средба од преговорите за прекин на огнот и размена на затвореници меѓу Израел и Палестинците…