САД не размислуваат за воведување санкции против Бугарија поради С Македонија, според бугарска НОВА

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не размислува за воведување санкции против бугарската влада, објави бугарската телевизија НОВА повикувајќи на свои извори кои се запознаени со состојбите во Вашингтон.

Повод за ваквата реакција е изјавата на американската конгресменка Клаудија Тени за Гласот на Америка на македонски јазик во која вели дека е можно САД да воведат санкции против Бугарија поради ветото за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија.

„Не сум сигурна дека санкциите засега се соодветни, но можат да бидат. Тоа е нешто што може да биде многу ефективно, особено ако продолжат да блокираат, да проектираат негативност и да создаваат пречки Северна Македонија и Албанија да имаат заслужен пристап во ЕУ. Потенцијално може да го разгледаме како начин да ги спречиме да ја продолжат нивната опструкција  – рече Тени за Гласот на Америка.

 

 

Back to top button
Close