САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро
Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди.
Во видео објавено на „X“, Бонди го обвини Мадуро за соработка со групи, вклучувајќи ја венецуелската затворска банда Трен де Арагуа и нарко-картелот Синалоа.
Според американскиот Стејт департмент, САД претходно понудија награда од 25 милиони долари за информации поврзани со Мадуро