САД планираат да продадат авиони-цистерни на Катар за над 4,5 милијарди долари, објави Стејт департментот

САД го одобрија планот за продажба на Катар на авиони за полнење гориво во воздух во вредност од над 4,5 милијарди долари, соопшти Стејт департментот на САД.
Катар побара до четири авиони КЦ-46А опремени со сензори за противракетна одбрана. Американскиот Конгрес, кој мора да даде конечно одобрение, е известен за договорот.
Според Вашингтон, целта на продажбата е „да се зајакне безбедноста на стратешкиот регионален партнер“ и да се подобри способноста на Катар да се справи со сегашните и идните закани, како и неговата оперативна компатибилност со силите на САД и нивните сојузници.
Катар е меѓу посредниците во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон, кои се во мирување, како и во конфликтот меѓу Израел и „Хамас“ во Појасот Газа.
Во Катар е воздухопловната база „Ал Удеид“, најголемата американска база во регионот. Беше нападната од Иран како одговор на израелско-американското бомбардирање.
Неодамна Катар му подари на американскиот претседател Доналд Трамп нов авион.






