САД понудија поддршка во истрагата за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби денеска изјави дека САД понудиле поддршка во истрагата што ја водат Казахстан и Азербејџан за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во средата во Казахстан, при што загинаа 38 лица, а 29 беа повредени.
Кирби изјавил дека првите индиции до одреден степен укажуваат дека овој авион бил соборен од руска противвоздушна одбрана, пренесува порталот Аксиос.
Азербејџан ерлајнс соопшти дека нивниот авион претрпел надворешни физички и технички нарушувања