САД: Постигнат напредок во безбедносните гаранции за Украина, моделот е Членот 5 од НАТО

Постигнат е напредок во врска со можните безбедносни гаранции за Украина во обидот за ставање крај на војната, која почна со руската инвазија пред речиси четири години.
По повеќечасовни разговори во Берлин со украинската страна, дополнително е развиен безбедносен пакет, кој вклучува одредби моделирани според Членот 5 од Договорот на НАТО, изјави висок американски функционер, јавува ДПА.
Пакетот, исто така, опфаќа мерки за следење и превенција на конфликти за да се осигура дека украинското население се чувствува безбедно. Според функционерот, ова не претставува распоредување на американска војска во Украина.
Американскиот функционер додаде дека се надеваат оти Русите ќе ги разгледаат плановите.
Членот 5 од Договорот на НАТО предвидува дека вооружен напад врз еден или повеќе членки на НАТО во Европа или Северна Америка ќе се смета за напад врз сите нив.
Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се во Берлин од викендот и се вклучени во разговорите за можно ставање крај на руската војна против Украина.






