САД повикаа американските државјани да не учествуваат во борбите во Украина

САД изразија сочувство до семејството на американскиот државјанин убиен во борбите во Украина, а чии посмртни останки сега се идентификувани и предадени од властите на Украина, соопштија од Стејт департментот.
Оттаму повикаа американските државјани да не патуваат во Украина, а уште помалку да учествуваат во борбите.
Надворешнополитичкиот орган на САД ја цени одлуката на Украина во своите преговори со Русија да вклучи и предавање на телото на убиеното лице, чиј идентитет Стејт департментот не го открива и „од почит за приватноста на семејството не одиме во детаљи”.
Претходно, украинските власти соопштија дека се работи за доброволецот, ветеран на американската армија, Џошуа Алан Џонс.
-Уште еднаш повикуваме американските државјани да не патуваат во Украина поради сеопштата инвазија на Русија и активниот вооружен конфликт, изјави портпаролот Нед Прајс.
Додека дека Американците кои се во Украина треба да заминат оттаму веднаш со расположливиот комерцијален или други приватен копнен транспорт.
-Оние кои патуваат таму, вклучитално и американски државјани за учествуво во борбите, се соочуват со значаен ризик и САД не можат да ја гарантираат нивна абезбедност. Ги охрабруваме нашите граѓани да се посветат на многуте други можности што постојат да се помогне на Украина и нејзиниот народ, рече тој.





