САД повлекуваат војници од клучни бази на Блискиот исток по заканите од Техеран

СAД повлекуваат персонал од клучни воени бази на Блискиот Исток и претходно им советувале на персоналот на базата во Катар да се повлечат , јави Скај њуз.
Во Одлуката за повлекување на персоналот од бази на Блискиот Исток се вели дека е мерка на претпазливост, со оглед на зголемените тензии по протестите во Иран и откако ирански функционер изјави дека Техеран ќе ги таргетира американските воени бази во регионот како одмазда за какви било напади од страна на Вашингтон.
САД повлекоа персонал од Иран во воените бази во регионот по 12-дневната војна во јуни минатата година.
Иранската армија во моментов е многу повеќе борбено подготвена и координирана отколку што беше пред вооружениот конфликт со Израел во јуни 2025 година, изјави врховниот командант на иранските вооружени сили, генерал-мајор Амир Хатами






