САД: Преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија да започнат што е можно побргу

Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на претпристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ, а по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан неделава во Брисел. 

За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. 

-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент. 

Оттаму укажаа дека продолжуваат да даваат поддршка за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија што е можно побргу. 

На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот француски предлог во чија нацрт верзија за отварањето на преговорите, билатералните прашања меѓу две земји – Северна Македонија и Бугарија, се ставаат како услов во преговарачкиот процес за пристап на нашата земја во Унијата. к

Back to top button
Close