САД: Санкции против Палестинските автономни власти и ПЛО
Палестинските автономни власти ги поткопуваат изгледите за мир, смета Вашингтон и ја обвинува управата во Рамалах и Палестинската ослободителна организација (ПЛО) за поддршка на тероризмот.
Црна табла со натписот Стејт департмент, пред бледо розевета зграда-седиште на министерството за надворешни работи на САД
Соединетите Американски Држави воведоа санкции за Палестинската самоуправа и за Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО). Како објаснување, денеска Стејт департментот во Вашингтон, меѓу другото, соопшти дека двете организации продолжуваат да го поддржуваат „тероризмот“ преку поттикнување насилство и исплата на пари на палестинските терористи и нивните семејства.
Според министерството, санкциите се состојат во неиздавање на американски визи за членовите на Палестинската самоуправа и на ПЛО.
Стејт департментот на САД, исто така, ја критикуваше Палестинската самоуправа, со седиште во Рамалах на Западниот Брег, која го „интернационализира“ својот конфликт со Израел преку вклучување на Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата.
Меѓутоа, за многу западни влади, Палестинската самоуправа и нејзиниот претседател Махмуд Абас се важни соговорници. Абас е, исто така, претседател на ПЛО. Абас и организациите што ги води се во ривалски однос со радикално-исламистичката палестинска организација Хамас, која има седиште во Појасот Газа и која ја започна војната во Газа со својот голем напад врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп повторно му припиша централна улога на Хамас во страдањето на луѓето во Појасот Газа. „Најбрзиот начин да се стави крај на хуманитарната криза во Газа е Хамас да се предаде и да ги ослободи заложниците!!!“, напиша републиканецот на неговата социјална мрежа Трут Соушл.
Во последните денови, Трамп постојано повикуваше на поголема помош за населението во Појасот Газа кое гладува. Тој особено ја нагласи судбината на децата. Трамп, исто така, јавно изврши притисок врз израелската владана премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во исто време, американската влада продолжи да нагласува дека Хамас ја носи главната одговорност за ситуацијата во Газа. Според портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус, исламистичката група можеби не попушта во преговорите бидејќи се надева дека „страдањето ќе продолжи сè додека светот не попушти пред нејзините барања