САД се повлекуваат од Парискиот климатски договор
ОН објавија дека САД официјално ќе се повлечат од Парискиот договор за климата на 27 јануари 2026 година. Светската организација го објави тоа откако Вашингтон официјално го извести генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за одлуката на претседателот Доналд Трамп.
Според експеритите, Парискиот договор е од голема историска важност бидејќи првпат сите држави се согласуваат да преземат мерки за да се заштити климата. Договорот ја обврзува секоја земја да утврди, планира и редовно известува за придонесот што го презема за ублажување на глобалното затоплување.